Пред се, LinkedIn започна да тестира „видео претставување“ со цел да им се овозможи на кандидатите да се запознаат со потенцијалните работодавци во време кога средбата лице в лице е невозможна поради мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
Преку оваа алатка, HR менаџерите можат да побара состанок, а кандидатот може да одговори преку видео или писмено. Тоа ќе им овозможи на кандидатите да ги откријат своите меки вештини дури и кога интервјуто не се прави во иста просторија.
Сето тоа е во ред меѓутоа правењето видео интервју (дури и класично интервју во живо) е вештина која бара пракса. За таа цел, LinkedIn исто така направи AI Instant која дава повратни информации, а истата оди заедно со алатката за подоготвка за интервју. Откако кандидатите ќе ги извежбаат сите одговори на поставените прашања, тие може да ги снимат истите и да добијат естимација со „повратни информации за пролазност, како и информации за тоа колку пати користеле зборови за пополнување и чувствителни фрази кои треба да се избегнуваат“, наведува LinkedIn.
Ова би можело да ги спаси кандидатите од евентуални неуспеси и срамни ситуации, а во исто време да им даде повратна информација, барем до степен до кој машината може да придонесе. Повратните информации поврзани со подготовката на интервју „сега се објавуваат насекаде ширум светот и до истите може да пристапите откако ќе аплицирате на некое работно место на почетната страна со огласи на LinkedIn“објавија од компанијата.

