Сите домаќиства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот Михаел Лудвиг.
Вели дека сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од по 50 евра, а оние кои со еден член по 25 евра. Тие ќе можат да се искористат до крајот на септември во рестораните и кафулињата кои учествуваат во таа акција.
Единствено, ваучерите нема да можат да се користат за плаќање алкохолни пијалаци.
Градските власти за ова ќе издвојат 40 милиони евра.

