По што се посебни луѓето родени во септември?

По што се посебни луѓето родени во септември?

11. 09. 2020.

Септември е месец кога летото нè напушта, а доаѓа есента. За децата родени во септември се вели дека имаат многу невообичаени карактеристики. Еве што имаат заедничко.

Родени се како ситни бебиња – Септемвриските деца обично се раѓаат со мала тежина.

Тие се повисоки од другите – Ако се споредат со родените во пролетните и зимските месеци, родените во септември се просечно повисоки. Делумно, ова има врска со големите количини на витамин Д на кои се изложени мајките во последните месеци од бременоста.

Тие се запишуваат во врвни училишта – Според истражувањето, луѓето родени во септември се развиваат многу побрзо во раното детство. Исто така, постои за 20 проценти поголема можност за нивниот успех во училиште, и да присуствуваат на најелитните факултети.

Спортски типови – Родените во септември имаат физички предиспозиции за спортување, а повеќето се врвни спортисти.

Нивниот цвет на раѓање е Лепа Ката – Симболот на силна љубов, Лепа Ката или астра е цвет на оние кои се родени во септември. Покрај него, некои додаваат попонец што симболизира љубов и приврзаност, а тоа е одлика што ги тера сите да ги обожаваат септемвриските деца.

Поотпорни на астма – Истражувањата покажаа дека луѓето родени во есен се најчесто алергични на јајца, кикирики и млеко. Сепак, тие се поотпорни на астма.

Можат да доживеат стотка – Луѓето родени помеѓу септември и ноември, најверојатно ќе живеат над 100 години. Ова беше потврдено со студија спроведена од Универзитетот во Чикаго на 1.500 стогодишници. Една од причините е што тие се изложени на бројни сезонски инфекции кои го зајакнуваат имунитетот веднаш по раѓањето.

Извор: Скопје24