По 70 години Икеа веќе нема да го прави својот популарен каталог

По 70 години Икеа веќе нема да го прави својот популарен каталог

09. 12. 2020.

Шведскиот производител на мебел Икеа повеќе нема да го изработува годишниот каталог по кој беше многу познат.

Компанијата изјави дека ќе се посвети на онлајн промоција и купување. Тие оценија дека за нив е „емотивна, но рационална одлука достоинствено да завршат со објавување на овој успешен каталог“.

Извршниот директор на Икеа, Конрад Грус, изјави  дека ова е природен процес затоа што се променило однесувањето на медиумите и клиентите.
Првиот каталог беше издаден во Шведска во 1951 година, а неговото прво онлајн и дигитално издание беше објавено во 2000 година. На својот пик во 2016 година, тиражот беше 200 милиони и беше објавен на 32 јазици и беше дистрибуиран на 50 пазари.

Икеа сега е целосно фокусирана на дигитална продажба и маркетинг. За време на пандемијата на коронавирусот, до август годинава, нивната продажба преку интернет порасна за 45 проценти. Во овој период, таа исто така забележа четири милијарди посети на својата веб-страница.

Последниот каталог за 2021 година беше објавен во октомври оваа година. Сепак, следната година, ќе биде објавена, како што е наведено, книга што ќе содржи совети за опремување и украсување на куќата, пренесува Си-Ен-Ен.

​​