Исплатата се однесува на скенираните фискални сметки од претходниот квартал, а средствата се исплаќаат директно од страна на Управа за јавни приходи. Висината на повратот зависи од вкупниот износ на скенирани сметки и пресметаниот ДДВ.
Од УЈП потсетуваат дека граѓаните треба редовно да ги проверуваат своите податоци во апликацијата, особено трансакциската сметка, со цел исплатата да се реализира без проблеми.
Проектот „МојДДВ“ веќе неколку години претставува една од најкористените мерки за враќање дел од данокот кај граѓаните, а воедно придонесува и за намалување на сивата економија преку поттикнување на издавање фискални сметки.
Граѓаните кои сè уште не ја користат апликацијата, можат бесплатно да ја преземат и да започнат со скенирање на фискалните сметки, со што ќе имаат можност да добијат поврат на дел од платениот ДДВ.
