Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека за намирување на режиските трошоци – станарина, вода, струја и и греење се потребни 6.338 денари. Понатаму, ставката образование чини 7.192 денари, облека и обувки 6.043 денари, рекреација и култура 5.592 денари, транспорт 4.545 денари, комуникации 3.417 денари…
Доколку, пак, просечното семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци за јануари се во износ од 81.788 денари.
Минималната кошница во континуитет ја зголемува вредноста, па синдикалците подолго време инсистираат минималната плата да дојде до нивото од 600 евра. Освен тоа, бараат и сите останати месечни примања да се зголемат за 100 евра. Поради неможноста да се издејствуваат овие решенија по пат на преговори и договори со социјалните партнери, од ССМ најавија работнички протести и блокади.
