Условите за учество или пријавување на овие огласи се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија.
Дополнително, потребни се: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик и положен правосуден испит.
Се бара идните работници да имаат високо образование,за дел од позициите работното искуство не е задолжително, но за другите е задолжително.
Од огласите може да се види дека платите за овие различни позициите се движат од 30 илјади денари, до 36 илјади денари.
Со дел од огласите се бараат кандидати за пополнување на позицијата советник инспектор. Се бара советник за инспекциски надзор Штип со градовите Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип. Со вториот оглас треба да се најде советник за инспекциски надзор Кавадарци со градовите: Велес и Неготино. Исто така треба да се пополни истата позиција во Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш. Исто така има оглас и за истата позиција во Куманово со Крива Паланка и Кратово, како и за Гостивар со Кичево и Македонски Брод.
За овие позиции платата е 36.383 денари, а лицата кои ќе конкурираат за овие позиции мора да знаат дека меѓу условите е и најмалку 3 (три) години работно искуство по дипломирањето.
Со другите огласи се бараат кандидати за позиции помлад инспектор. Едната е помлад инспектор Битола со градовите Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар. Втората е истата позција но за Скопје. Се бара помлад инспектор и за Куманово со градовите: Крива Паланка и Кратово, како и за Кавадарци со градовите Велес и Неготино. За истата позиција има оглас и за Охрид, но и за Штип со градовите Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип.
За овие позиции не се бара работно искуство. За овие позиции се нуди истата плата во висина од 30.173 денари.
Работното време за сите позиции е слично, осум часа во текот на денот од понеделник до петок. Огласите истекуваат на крајот на месецов, на 29ти или 30 декември. Сите детали на веб страната на Агенцијата за администрација.
По изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции. Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, Собранието, Министерството за транспорт, Министерство за финансии...
