Мапа на Европа предизвика бурни реакции: Македонија е во зелено, а Западот во црвено – еве зошто
Актуелно

Мапа на Европа предизвика бурни реакции: Македонија е во зелено, а Западот во црвено – еве зошто

8/12/2026

Оваа интересна мапа на Европа повторно стана актуелна на социјалните мрежи и го привлече вниманието на корисниците.

Нејзиниот автор наведува дека таа ја прикажува перцепцијата за безбедноста при самостојно пешачење во текот на ноќта во европските земји, што е илустрирано со различни бои – од црвена до зелена.

Македонија и Балканот во нијанси на зелена

Според мапата, Македонија се наоѓа меѓу побезбедните европски земји кога станува збор за чувството на сигурност при самостојно движење во текот на ноќта. Поголемиот дел од Балканот исто така е обоен во зелено, додека некои земји од Западна Европа се означени како небезбедни.

Мапата стана вирална на социјалните мрежи, а ја објавија бројни профили. Европа на неа е поделена во две основни категории – „побезбедните“ земји се прикажани во различни нијанси на зелена боја, додека „понебезбедните“ се означени со нијанси на црвена.

Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина се означени со различни нијанси на зелена боја, што значи дека според авторот на мапата спаѓаат во категориите „Safest“, „Very Safe“ или „Safe“.

Сосема поинаква слика е прикажана во Западна и во дел од Јужна Европа. Земји кои се меѓу најпопуларните туристички дестинации, како Велика Британија, Франција, Италија и Грција, се означени со црвена боја, која на мапата ги претставува категориите „Unsafe“ или „Not Safe“.

Популарни на социјалните мрежи

Интересен пример е Шведска, која исто така е означена со црвена боја, иако се наоѓа меѓу скандинавските земји кои традиционално се сметаат за мошне безбедни. Норвешка и Финска, за разлика од Шведска, на мапата се означени со зелена боја.

Германија, Австрија и Швајцарија се прикажани како побезбедни зони. Во придружната анализа се наведува дека овие земји ги карактеризираат ниска стапка на криминал, ефикасно спроведување на законите и добро осветлени улици, што придонесува за чувството на сигурност кај граѓаните.

Мапата, очекувано, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, особено поради големите разлики меѓу одделни делови од Стариот континент, пренесува „Avaz“.

Сепак, треба да се нагласи дека авторот не објаснил врз основа на кои конкретни податоци и параметри ја изработил мапата, ниту колку прикажаните процени се репрезентативни.

Ваквите и слични мапи се многу популарни на социјалните мрежи токму затоа што предизвикуваат полемики и различни реакции кај корисниците.

Извор: tocka.com.mk