Камерите на „Сејф сити“ ќе ги казнуваат само овие четири прекршоци!
Актуелно

Камерите на „Сејф сити“ ќе ги казнуваат само овие четири прекршоци!

1/21/2026

Брзина над дозволеното, поминување на црвено светло, погрешно паркирање и запирање и нерегистрирано возило – ова се четирите прекршоци за кои „Безбеден град“ ќе ги казнува возачите, изјави синоќа за ТВ Сител министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој вели дека целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот.

„Целта е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви. Ќе се констатираат исклучиво четири прекршоци: брзина над дозволено, поминување на црвено, погрешно запирање и паркирање и нерегистрирано возило“, истакна министерот.

Информира дека е утврдено дека бројот на сообраќајни прекршоци е најслабата алка.

„Почнавме од 100 000, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци, но повторно тие се голема бројка од она кое реално може да се процесуира. Бројките и натаму се во илјадници, но се далеку помалку од оние на почетокот, како што беа 100 илјади, објаснува Тошковски.

Извор: skopjeinfo.mk