Ова се новите правила за пушење, граѓаните во паника!
Актуелно

Ова се новите правила за пушење, граѓаните во паника!

1/16/2026

Министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, изјави дека деталната анализа покажала оти околу половина од населението во земјата е зависно од цигари, при што просечната дневна потрошувачка изнесува од 18 до 22 цигари.

Во интервју за ТВ 24 оваа недела, Алиу посочи дека 7,7% од активните пушачи се на возраст од 13 до 14 години, додека околу 37% се на возраст од 15 до 16 години, оценувајќи ја употребата на електронски цигари како „масовна појава меѓу младите“.

Тој најави дека предлог-законот за заштита од пушење ќе биде ставен на јавна расправа пред да биде доставен до Собранието.

Предлог-законското решение предвидува строги мерки за ограничување на пушењето, вклучително и употребата на електронски уреди, како и практично целосна забрана на пушење во речиси сите јавни простори, што предизвика силни реакции во јавноста. Граѓаните се особено активни на социјалните мрежи, а Комората на угостители упати остри забелешки.

Законот е насочен кон заштита на децата и младите, меѓу другото воведувајќи забрана за пушење во приватни возила доколку во нив има дете. Од Министерството за здравство истакнуваат дека, и покрај високите казни предвидени со законот, целта не е казнување, туку превенција и заштита на јавното здравје. Текстот е усогласен со европските регулативи и меѓународните обврски, вклучително и принципите на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот.

Во интервјуто за ТВ 24, Алиу нагласи дека ограничувањата мора да бидат проследени со систем за мониторинг и индикатори, со цел да се обезбеди реална и доследна примена на законот.

Извор:glamur.mk