Поскапува лебот! Повисоки цени веќе забележани низ неколку градови во Македонија
Актуелно

Поскапува лебот! Повисоки цени веќе забележани низ неколку градови во Македонија

4/1/2026

Во дел од градовите низ Македонија, граѓаните веќе од денеска ќе се соочат со повисоки цени на лебот.

Во пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува цената на одредени видови леб, особено бел леб од 450 грама, да се зголеми за 3 до 5 денари, при што некои пекари веќе ги корегирале цените, а информациите стигнале и до Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора.

„Имаме информации дека некои поединечни пекари веќе ги зголемиле цените. Кризава влијае на производствените трошоци за леб и пекарски производи и ако продолжи, неминовно е поради големите трошоци да има корекции“, изјави Горан Малишиќ, претседател на Групацијата.

Според него, конфликтот на Блискиот исток ја зголемил цената на суровините, како и на производството и дистрибуцијата на лебот.

„Се зависи од резервите што ги имаат пекарите и колку новите набавки влијаат на цената. Во просек, цената може да се зголеми за десетина проценти“, додаде Малишиќ, но потенцира дека конечната цена зависи од поединечните компании.

Поскапувањето на лебот следи по веќе регистриран раст на цените на масло, јајца, овошје и зеленчук.

Експертите предупредуваат дека покачувањето на цената на горивата ја поттикнува инфлаторната спирала, што може да предизвика понатамошни корекции на цените.

Извор:skopjeinfo.mk