Се уредува Водно - Во текот на летото ќе има спасители со цел поголема безбедност
Актуелно

Се уредува Водно - Во текот на летото ќе има спасители со цел поголема безбедност

4/1/2026

Водно се уредува пред периодот на зголемена посетеност, Град Скопје превзема активности за подобар изглед и поголема безбедност.

Со оглед дека Водно останува едно од омилените места за одмор, рекреација и бегство од градската гужва за граѓаните на Скопје, во пресрет на периодот кога се очекува зголемена посетеност, Град Скопје презема засилени активности за подобрување на условите на парк-шумата.

Како што информира градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки.

- Патеките се прошируваат на ширина од 2,5 до 3 метри и должина од околу 5 километри, со што значително се подобрува безбедноста и удобноста за посетителите. Дополнително, издаден е налог до ЈП Паркови и зеленило за реконструкција на урбаната опрема – клупи, канти, мостчиња и патеки, со цел просторот да добие поуреден и современ изглед. Во насока на зголемена безбедност, во соработка со Црвен крст, во текот на летниот период ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери, информира градоначалникот Ѓорѓиевски. 

Активностите ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои секојдневно работат на одржување и заштита на ова природно богатство, кое останува симбол на рекреација и мир за скопјани. 

Извор: skopjeinfo.mk