Оглас за работа во Норвешка: Плата околу 3.000 евра без потреба од искуство
Актуелно

Оглас за работа во Норвешка: Плата околу 3.000 евра без потреба од искуство

16. 12. 2025.

Оглас за вработување во Норвешка предизвика големо внимание и масовно се споделува на социјалните мрежи, поради условите што ги нуди – сигурна работа, солидна плата и можност за аплицирање без претходно работно искуство.

Станува збор за компанијата SalMar ASA, еден од водечките светски производители на атлантски лосос, која отвори 100 работни позиции на својата фарма во Кверва, во областа Фроја. Информацијата ја пренесуваат странски медиуми, а огласот е објавен и преку европската мрежа за вработување EURES.

Фроја е познат крајбрежен регион со развиена аквакултурна индустрија, а Норвешка важи за најголем извозник на лосос на глобално ниво.

Работни задачи и услови

Се нудат договори на неопределено време, со работно време од понеделник до петок. Вработените ќе бидат ангажирани како производствени работници во погони за преработка, каде што задачите опфаќаат филетирање и пакување риба, контрола на квалитетот и одржување на хигиената според пропишаните стандарди.

Плата и дополнителни бенефиции

Почетната саатница изнесува 198,6 норвешки круни (околу 19,86 евра), што при работна недела од 36,5 часа резултира со месечна заработка од приближно 3.000 евра. Платата може да биде и повисока со вклучени додатоци, како што е 20% за работа во втора смена.

Вработените имаат право на три паузи по смена, од кои една е платена, користење на теретана, како и оброк по симболична цена од околу две евра дневно.

Кој може да аплицира?

Не се бара формално образование или претходно работно искуство, иако искуство во преработка на храна или аквакултура ќе се смета за предност. Потребно е основно познавање на англиски или норвешки јазик. Од компанијата нагласуваат дека предност ќе имаат кандидатите кои планираат подолгорочен престој и работа во Норвешка.

Конкурсот е отворен до 31 јануари 2026 година.

Текстот е преземен од Слободен печат.