На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред извршил напад врз полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Следниот ден, на 12 октомври, во востанието се вклучиле и партизаните од Кумановскиот одред.
Овој ден го симболизира почетокот на организираната антифашистичка борба и стремежот на македонскиот народ за слобода и национално ослободување. Востанието претставува продолжение на долгата традиција на борба за слобода, поврзана со Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание.
Важен момент во остварувањето на стремежите за македонска државност билo Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, кога биле донесени одлуки што ги поставиле темелите на современата македонска држава.
