Третото место го зазема Austrian Airlines со 85,5 поени, а меѓу првите пет се и Norwegian и SunExpress. Рангирањето опфаќа 20 големи авиокомпании што летаат во Европа, врз основа на податоци од периодот 2016–2025 година.
При оценувањето се земени предвид безбедносната историја, сертификатите и ревизиите, оперативната безбедност, староста на флотата, обуката на пилотите и финансиската стабилност.
Според анализата, традиционалните авиокомпании во просек освоиле 82,8 поени, додека нискобуџетните имаат просек од 79,2 поени. Сепак, резултатите покажуваат дека и нискобуџетните превозници можат да се најдат високо на листата.
Во првите десет се и Air France, British Airways, Iberia, Turkish Airlines и Lufthansa. Wizz Air се наоѓа на 15. место, а Pegasus Airlines е последна во оваа споредба.
Важно е да се напомене дека станува збор за рангирање на избрани 20 компании, а не за официјална листа што ги дели авиокомпаниите на безбедни и небезбедни. Понискиот пласман сам по себе не значи дека одредена авиокомпанија не е безбедна.
