Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе започне во понеделник, 13 јули 2026 година, и ќе трае до 16 јули. Прскањето ќе се врши во ноќните часови, од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ.
Од Град Скопје информираат дека акцијата има за цел да го намали бројот на комарци и да придонесе за подобри услови за граѓаните во летниот период.
Надлежните посочуваат дека доколку временските услови не бидат поволни за спроведување на дезинсекцијата, активностите ќе бидат реализирани во истиот термин во првиот следен ден кога условите ќе дозволат.
Град Скопје упатува апел до пчеларите навремено да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства во периодот кога ќе се врши прскањето.
