Нема повеќе толеранција: Казни за нелегално фрлање отпад во Скопје
Актуелно

Нема повеќе толеранција: Казни за нелегално фрлање отпад во Скопје

09. 07. 2026.

Лица затечени при нелегално фрлање шут и отпад на три локации во Скопје

На три локации во Скопје вчеравечер биле затечени лица кои нелегално фрлале шут и отпад. Станува збор за две локации во општина Аеродром и една на улицата „Рузвелтова“.

Од Град Скопје информираат дека сторителите биле идентификувани и евидентирани, а им било наложено да се јават во просториите на градската администрација, каде што ќе им бидат изречени глоби согласно законските прописи.

Воедно, им било наредено да го отстранат отпадот и да го однесат на овластена депонија, при што ќе треба да приложат кантарска белешка како доказ за правилно депонирање. Во случај да не постапат по налозите, ќе следуваат дополнителни санкции.

Градските власти најавуваат засилени инспекциски контроли и апелираат до граѓаните отпадот да го одлагаат на соодветни локации, со цел да се спречи создавање диви депонии и загадување на животната средина.