Луксузната мода зад затворени врати: Работници експлоатирани во италијански фабрики
Актуелно

Луксузната мода зад затворени врати: Работници експлоатирани во италијански фабрики

09. 11. 2026.

Италијанските модни брендови Patrizia Pepe и Dixie се ставени под судска управа поради сомнежи за сериозна експлоатација на странски работници во фабриките на нивните добавувачи во Тоскана.

Истрагата открила дека работници, претежно од Бангладеш и Албанија, работеле прекувремено, без годишен одмор и за плати далеку под законскиот минимум. Пријавени биле и случаи на малтретирање и кршење на работничките права.

Судот утврдил дека компаниите не вршеле соодветна контрола врз своите добавувачи, преку кои ги намалувале производствените трошоци. Како мерка за заштита, 18 работници кои соработувале со истрагата добиле дозволи за престој во Италија.

Со судската управа, независни комесари ќе ги надгледуваат работењето и набавките на компаниите сè додека не се исполнат законските стандарди.

Случајот повторно ја отвора темата за експлоатацијата во италијанската модна индустрија, каде што слични мерки претходно беа преземени и против други познати луксузни брендови.