Правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција одложено за од Нова година
Актуелно

Правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција одложено за од Нова година

19. 05. 2026.

Од Нова година, односно од 1. јануари 2027 година ќе важи правилото за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција.

Одлуката е објавена и во Службениот весник на Грција.

Претходно беше најавено дека правилото ќе се применува од 18. јуни оваа година.

Инаку, казната за непоседување на комплетот е 30 евра, а истиот содржи 16 специфични предмети.

Извор: skopjeinfo.mk