Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма.
- Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со националните телевизии, но поглемиот фокус ќе биде на играната детска програма. Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и гледаат македонски филмови и македонски серии, да читаат македонска литература, да ги субвенцинираме со ваучари да купуваат книги. Ова ќе биде една од најважните мерки покрај дигитализацијата, современото творештво и поддршката на граѓанскиот сектор како генератор на свежи, нови идеи и критичка мисла - посочи министерот.
