Улогата на пополнувачите на седишта е прилично едноставна: кога некоја ѕвезда ќе стане за да оди во тоалет или да земе пијалак, вработеното лице брзо приоѓа и го зазема нејзиното место. Таму останува сè додека ѕвездата не се врати. Целта е исклучиво естетска – продуцентите сакаат да обезбедат гледачите кои го следат преносот од дома да не гледаат празни столчиња во кадар.
Помалку гламур, повеќе хаос
Иако дружењето со најголемите светски музичари и актери звучи како работа од соништата, реалноста е малку помалку гламурозна. Лице кое минатата недела поминало вечер во иста просторија со Хари Стајлс, Сабрина Карпентер и Биберови го сподели своето искуство на Reddit, откривајќи дека хаосот започнува за време на рекламните паузи, пренесува Index.hr.
„Штом започнат рекламите, луѓето стануваат и се движат насекаде. Апсолутен хаос е“, напишал тој. „Потоа, околу 60 секунди пред повторно да продолжи преносот, преку звучниците почнуваат да најавуваат дека мора да се ослободат пролазите и сите да седнат. Тогаш сите брзаат, и тогаш на сцена стапуваат пополнувачите на седишта.“
Тој објаснил и дека вработените мора постојано да бидат подготвени веднаш да станат и да се упатат кон ново место. Тоа лично го доживеал кога привремено седнал на маса наменета за Лејди Гага и нејзината придружба.
Бројни строги правила придонесуваат за одржување на гламурот на целиот настан. Вработените се обврзани да носат темна облека за да не се истакнуваат, не смеат да разговараат со познати личности освен ако тие први не им се обратат, а на влез мора да ги предадат своите мобилни телефони.
