Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
- Кабинетски батерии
- Контејнерски батериски системи
Овие системи:
✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.
Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
• Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
• Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
- изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
- проектирање на батерискиот систем
- испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
- пуштање на батеријата во работа
- програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
- 24/7 мониторинг на батерискиот систем
- одржување на батерискиот систем
- приклучување во нашата балансна група
- откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.
За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/ 5122 809
075 277 354
