Бил испратен и мејл во кој М-НАВ вели дека ќе има менување на радарот и дека само истоварот ќе трае 30 минути.
„М-НАВ информира дека оваа недела, во недела на 14 декември, ќе се изврши замена на радарот на АТЦ КУЛАТА, при што кран ќе има пристап од нивниот паркинг, така што нема да има попречување на нашиот сервисен пат. Само за време на фазата на истовар ќе се затвори АТЦ за оперативни активности во времетраење од приближно 30 минути“, стои во мејлот до кој дојде Фактор.
Неработата на радарот значи дека сите авионите ќе имаат од прилика час и половина доцнење, како за слетување, така и за полетување. Дел од вработените брифираат дека се работи за нешто што е од големо значење за авиосообраќајот.
Единствениот функционален радар на скопскиот аеродром откажа во септември годинава, кога скопскиот аеродром остана без можноста повеќе авиони да слетуваат и полетуваат истовремено. Останува прашањето, дали и зошто не се остава стариот радар како втор, за во иднина да нема вакви случувања.
