Сепак, анализата укажала на практичен проблем: прекршочните казни што ги генерира системот автоматски се испраќаат до лизинг-компаниите од кои се обезбедени службените возила. Како резултат, дел од казните најпрво пристигнуваат кај нив, по што се пренасочуваат кон СОЗР.
Томовски потенцираше дека ваквата поставеност е нелогична:
„Казната треба да ја плати оној што го направил прекршокот, а не компанијата,“ истакна тој, додавајќи дека Владата веќе разгледува законски измени за решавање на проблемот.
Во однос на можноста службените возила да се опремат и со ГПС-уреди за дополнително следење, Томовски нагласи дека конечната одлука ќе зависи од резултатите што ќе ги покаже системот „Безбеден град“ и од реалните потреби на институциите.
„Ќе видиме дали навистина ќе има потреба од тоа,“ додаде тој.
