Работи на -80°C и се тушира само двапати неделно: Како изгледа животот на Јужниот Пол?
Актуелно

Работи на -80°C и се тушира само двапати неделно: Како изгледа животот на Јужниот Пол?

29. 09. 2026.

Додека за повеќето луѓе работниот ден подразбира канцеларија, колеги и пауза за кафе, за словенечкиот физичар Мишел Адамич работното место се наоѓа во една од најсуровите средини на планетата. Тој престојува во американската истражувачка станица Амундсен-Скот на Јужниот Пол, каде температурите може да паднат и до -80 степени Целзиусови.

Работа на крајот на светот: На -80 степени се грижи за телескоп и се тушира само двапати неделно

Додека за повеќето луѓе работниот ден подразбира канцеларија, колеги и пауза за кафе, за словенечкиот физичар Мишел Адамич работното место се наоѓа во една од најсуровите средини на планетата. Тој престојува во американската истражувачка станица Амундсен-Скот на Јужниот Пол, каде температурите може да паднат и до -80 степени Целзиусови.

Адамич е првиот Словенец кој престојува во оваа оддалечена истражувачка станица. Како дел од Американската антарктичка програма (USAP), неговата главна задача е да се грижи за работата на Телескопот на Јужниот Пол (SPT).

Тој е докторанд на Универзитетот Мекгил во Монтреал и учествувал во развојот на електрониката за телескопот. Токму неговото стручно знаење му овозможило да биде избран за зимскиот тим на Антарктикот.

Пред заминувањето морал да помине низ повеќе интервјуа и специфични медицински прегледи, а на Јужниот Пол пристигнал во ноември 2025 година.

„Се чувствувам како астронаут на друга планета“

Првата средба со Антарктикот, како што раскажал Адамич, била нешто сосема поинакво од сè што претходно видел.

Уште при приближувањето со авион бил фасциниран од пејзажот и чувството дека се наоѓа на место кое речиси и не личи на Земјата.

Но екстремно ниските температури се само еден дел од необичното секојдневие. Таму недостигаат работи што во нормални услови речиси и не ги забележуваме – зеленило, растенија и животни, дожд, реки и океани, како и вообичаената смена на денот и ноќта.

Искуството го опишал како чувство да се биде „астронаут на друга планета“.

На -80 степени мора да излезе и да го одржува телескопот

Работата на Адамич опфаќа одржување на механичките делови на телескопот, електрониката и системите за ладење.

Некои од интервенциите мора да се извршуваат надвор и кога температурите се спуштаат до -80°C. Механизмите на телескопот треба да се подмачкуваат на секои две недели, а по снежните бури мора да се отстранува наталожениот снег.

За телескопот во текот на зимата се грижат двајца членови на тимот, кои работат наизменично – по една работна недела следува една недела одмор.

Во зима остануваат само околу 40 луѓе

Станицата Амундсен-Скот е една од трите американски истражувачки бази на Антарктикот што се населени во текот на целата година.

Во летниот период таму може да престојуваат околу 150 луѓе, но во суровата антарктичка зима бројот се намалува на нешто повеќе од 40.

И не станува збор само за научници. Американската антарктичка програма секоја година објавува огласи за приближно 1.000 работни позиции, меѓу кои има готвачи, механичари, градежни работници, инженери, електричари, оператори на тешка механизација и метеоролози.

Од телескоп до миење садови

Животот во толку изолирана средина значи дека луѓето преземаат и задачи што немаат директна врска со нивната професија.

Адамич е дел од тимот за итна медицинска помош, а обучен е и за помош при контрола на летови и полнење авиони со гориво.

Во неговите редовни обврски спаѓа и чистењето санитарни простории, додека доброволно помага и со миењето садови.

Топлата и влажна кујна, како што објаснил, всушност му годи поради исклучително сувата антарктичка клима.

Само два туша неделно – и по две минути

Една од најголемите разлики во секојдневниот живот е користењето вода.

Течната вода на Јужниот Пол е драгоцен ресурс, па луѓето во станицата можат да се тушираат само двапати неделно, најмногу по две минути.

Водата се обезбедува со топење на мразот под површината преку специјални бунари. Според Адамич, станува збор за мраз стар околу 10.000 години. Бидејќи водата практично нема минерали, таа е слична на дестилирана вода, па пред употреба за пиење се филтрира и дополнително се збогатува со минерали.

Pred poletom na južni tečaj. V ozadju ameriško vojaško transportno letalo LC-130 Hercules. Foto: Michel Adamič

Најмногу му недостигаат најобичните работи

По долго време во изолација, најголема вредност добиваат токму работите што во нормалниот живот изгледаат сосема обично.

Адамич вели дека му недостигаат девојката и семејството, но и зеленилото, животните и природата. Кога еднаш забележале птица за која претпоставиле дека случајно залутала толку далеку, членовите на станицата биле толку воодушевени што ја фотографирале и направиле постер.

Му недостигаат и едноставните можности да замине во планина за викенд, да се одвои од работата, да отиде во омилен ресторан или сам да си го подготви омиленото јадење.

За повеќето луѓе тоа се ситници од секојдневието. На Јужниот Пол, на илјадници километри од вообичаениот живот и при температури што достигнуваат -80 степени, токму тие стануваат луксуз.