Во првите три месеци од годинава се родиле 3.380 деца, што претставува пад од 4,1 проценти во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е намален за еден процент во однос на првиот квартал лани. И овој проблем бил забележат во над 80 проценти од општините во државата.
„Падот“ на македонското семејство не е само во бројот на новородени деца, туку и во функционалноста на брачните заедници, а и мотивацијата на младите да стапат во такви заедници. Во таа насока, податоците на ДЗС повторно покажуваат негативен биланс во првото тримесечје, при што во проценти, е забележан пад на бројот на склучени бракови, додека бил забележан раст во бројот на разводи, во однос на истиот период минатата година.
Освен што низ годините преку ваквите квартални статистики може да се забележи континуирано намалување на населението во Македонија, паралелно на тоа може да се забележи и пад на семејните заедници, па се текот на времето и на традиционалните семејни вредности кои што некогаш важеле за ова општество.
Социолозите и експертите овој општествен феномен гледаат низ повеќе призми, а причините за разидување помеѓу брачните партнери варираат од економски до непремостливи бариери во личните односи. Меѓу другото, јавноста секојдневно од полициските билтени може да посведочи и на голем број на семејни насилства, кои за жал во текот на минатата 2025 година, а и оваа, некои од нив завршија и со фатални последици.
Целиот текст прочитајте го на: skopjeinfo.mk
