Според новите пресметки, до 2035 година се очекува вкупно да бидат изгубени околу 225.000 работни места во секторот. Од 2019 до 2025 година веќе се укинати приближно 100.000 работни места.
Претходните проценки на VDA предвидуваа пад од околу 190.000 работни места, но новите податоци покажуваат дека ситуацијата е полоша од очекуваното.
Најголем удар трпат добавувачите во индустријата, поради преминот од возила со мотори на внатрешно согорување кон електрични возила, што значително ја менува структурата на работните места.
Како главни причини за падот се наведуваат:
- намалена конкурентност на Германија како деловна локација
- високите цени на енергија
- високи даноци и трошоци за работа
- преголема регулатива и бирократија во ЕУ
Претседателката на VDA предупреди дека новите инвестиции и работни места сè почесто се отвораат надвор од Германија и Европа, што може да има последици врз економската и социјалната стабилност на земјата.
Извор:biznis.rs
