Според податоците, структурата на миграцијата значително се менува во споредба со претходните години, кога доминираа нискообразовани работници. Денес, сè почесто во ЕУ пристигнуваат квалификувани кадри, особено во секторите како здравство, ИТ и инженерство.
Оваа промена се поврзува со зголемената побарувачка за стручна работна сила на европскиот пазар, како и со поголемиот број на мигранти кои доаѓаат преку образовни програми и специјализирани работни визи.
Експертите оценуваат дека ваквиот тренд може да помогне во ублажување на недостигот од работна сила во ЕУ, но истовремено отвора и прашања поврзани со одливот на високообразован кадар од земјите на потекло.
