Истражувањето опфати 173 градови ширум светот, кои беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои стабилноста, здравствениот систем, образованието, инфраструктурата, културата и животната средина.
Топ 10 најдобри градови за живеење во 2026 година:
- Копенхаген, Данска
- Виена, Австрија
- Мелбурн, Австралија
- Сиднеј, Австралија
- Цирих, Швајцарија
- Женева, Швајцарија
- Осака, Јапонија
- Аделаида, Австралија
- Ванкувер, Канада
- Токио, Јапонија
Според EIU, Копенхаген се издвојува по одличната комбинација на безбедност, модерна инфраструктура, висококвалитетно образование, ефикасни јавни услуги и пријатна животна средина. Градот добил максимални оценки во категориите стабилност, инфраструктура и образование.
Од друга страна, на дното на листата повторно се наоѓа Дамаск, кој останува најнепогоден град за живеење поради долгогодишниот конфликт. Ниско рангирани се и Техеран и Киев, каде безбедносната состојба и нестабилноста значително влијаат врз квалитетот на животот.
Годишната листа на Economist Intelligence Unit важи за едно од најрелевантните глобални рангирања за квалитетот на живот и често служи како показател за тоа кои градови нудат најдобри услови за живеење, работа и семеен живот.
