Просечната нето плата во јануари - 46 617 денари
Актуелно

Просечната нето плата во јануари - 46 617 денари

23. 03. 2026.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Извор:ekonomijaibiznis.mk