Жичарата на Водно била во алармантна состојба: 3 од 4 безбедносни сензори не функционирале
Актуелно

Жичарата на Водно била во алармантна состојба: 3 од 4 безбедносни сензори не функционирале

16. 09. 2026.

Жичарата на Водно наскоро треба да биде целосно реконструирана и безбедносно ревитализирана, откако стручна проверка утврдила сериозни пропусти во нејзиното одржување.

Според изјавата на градоначалникот Орце Георгиевски, по преземањето на функцијата, Град Скопје побарал од австрискиот производител „Doppelmayr“ да изврши детална експертиза на системот.

Наодите покажале сериозни проблеми:

? Оштетени сајли – носечките и влечните сајли биле во состојба под дозволените безбедносни стандарди.

? Неисправни сензори – дури 3 од 4 безбедносни сензори за движењето на кабините не функционирале.

Поради утврдените ризици, било одлучено жичарата итно да престане со работа, со цел да се спречи можен инцидент.

Реконструкцијата веќе е договорена со „Doppelmayr“, а во наредниот период се очекува да пристигнат оригиналните резервни делови и специјализиран тим кој ќе ги изведува работите.

Целта е жичарата повторно да биде ставена во функција по целосната реконструкција и проверка на безбедносните системи.