Работниците чекаат К-15: Ова е минималниот износ за годинава
Актуелно

Работниците чекаат К-15: Ова е минималниот износ за годинава

16. 09. 2026.

Од 1 јули компаниите од приватниот сектор започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што вработените треба да го добијат годинава е околу 19.116 денари.

К-15 претставува задолжителен годишен надоместок кој работодавачот го исплаќа како регрес за годишен одмор. Право на него имаат работниците кои во текот на календарската година оствариле најмалку шест месеци непрекинат стаж кај истиот работодавач.

Износот на К-15 не е однапред утврден, туку се пресметува врз основа на просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се врши исплатата.

Според правилата, регресот треба да изнесува најмалку 40% од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци. Во одредени случаи, максималниот неоданочен износ може да достигне и 100% од просечната плата, согласно условите утврдени со колективниот договор.

Работодавачите имаат рок да го исплатат К-15 најдоцна до 31 декември во тековната година.

За работодавачите кои нема да го исплатат регресот се предвидени парични санкции. Дополнително, доколку работникот биде присилен да го врати исплатениот К-15 во готовина, законодавството предвидува и можност за затворска казна до една година.