Њујорк доби метро пред 122 години, Скопје сè уште чека на БРТ
Актуелно

Њујорк доби метро пред 122 години, Скопје сè уште чека на БРТ

27. 10. 2026.

На 27 октомври 1904 година започнало со работа њујоршкото метро, кое засекогаш го променило градскиот превоз. Додека светските метрополи инвестираат во брз и еколошки транспорт, Скопје сè уште чека на реализација на најавените проекти.

Првата линија на њујоршкото метро имала 28 станици, а билетот чинел пет центи. Денес, метрото е клучен дел од животот на градот, сообраќајќи 24 часа дневно.

Скопје, пак, со децении најавува трамвај, но проектот никогаш не се реализираше. Наместо него, во 2021 година беше одобрен заем од 70 милиони евра за брз автобуски превоз – БРТ, но проектот запре.

Во 2026 година повторно се најавува негово придвижување, со план за изградба на линија од Ѓорче Петров до Аеродром. Истовремено, се очекува набавка на 100 електрични автобуси за Скопје, во рамки на договорот вреден околу 51 милион евра.

Дали овие проекти конечно ќе го подобрат јавниот превоз во Скопје, ќе зависи од тоа дали најавите ќе се претворат во реалност.