ОпенАИ (OpenAI) денес официјално го објави GPT-5, најновиот и најмоќен модел на вештачка интелигенција (AI chatbot), кој според компанијата има способности на експерт на ниво на докторат.
Во обраќање до јавноста, Сем Алтман, коосновач и извршен директор на ОпенАИ, го опиша GPT-5 како четбот што претставува квантен скок во развојот на вештачка интелигенција.
„Со GPT-3 зборувавте со средношколец. GPT-4 звучеше како паметен студент. А GPT-5? Тоа е како да разговарате со доктор на науки,“ изјави Алтман.
Што нуди GPT-5?
- Попрецизни и почесни одговори
- Пократко време на одговор
- Подобро логичко заклучување и reasoning
- Помал број на халуцинации (измислени одговори)
- Способност за пишување сложени текстови и софтвер
Новиот AI модел GPT-5 веќе е достапен за корисниците на ChatGPT, и според ОпенАИ, ќе може да се користи за напредни задачи – од програмирање и пишување есеи до решавање комплексни бизнис проблеми.
Нова ера на вештачка интелигенција
Објавувањето на GPT-5 доаѓа во време на жестока технолошка конкуренција, каде што водечките ВИ компании се натпреваруваат кој ќе создаде понапреден и попрецизен четбот. Со GPT-5, ОпенАИ испраќа силна порака: иднината на вештачката интелигенција е веќе тука.
а порака: иднината на вештачката интелигенција е веќе тука.
