Невработеноста паѓа, но расте неформалната работа: Сезонските работници го менуваат пазарот на трудот
Актуелно

Невработеноста паѓа, но расте неформалната работа: Сезонските работници го менуваат пазарот на трудот

26. 08. 2026.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2026 година активното население во земјава се зголемило за 0,8% во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, бројот на невработени лица е намален за 1,5%, додека бројот на вработени бележи раст од 1%.

Од вкупниот број невработени, 63,6% се мажи, а 36,4% се жени. Кај вработените, 57,7% се мажи, додека жените учествуваат со 42,3%.

Во периодот април–јуни 2026 година, бројот на неформално вработени достигнал 101.022 лица, што е зголемување од 7,2% во однос на претходното тримесечје.

Најголемиот дел од неформално вработените се ангажирани во земјоделството, шумарството и рибарството. Во овие дејности се евидентирани 51.487 лица, односно 51% од вкупната неформална вработеност. Дополнителни 17,2% се ангажирани во градежништвото.

Податоците покажуваат дека сезонските активности, особено во земјоделството и градежништвото, имаат значително влијание врз кварталните промени кај неформалната вработеност.

Во второто тримесечје од 2026 година се регистрирани:

  • Активно население: 798.718 лица
  • Вработени: 708.698 лица
  • Невработени: 90.020 лица
  • Стапка на активност: 52,5%
  • Стапка на вработеност: 46,6%
  • Стапка на невработеност: 11,3%