Синдикалната кошница во јули 68.498 денари, за семејство со кирија потребни над 83 илјади
Актуелно

Синдикалната кошница во јули 68.498 денари, за семејство со кирија потребни над 83 илјади

20. 07. 2026.

И покрај минималното намалување во однос на претходниот месец, трошоците за основните животни потреби и понатаму остануваат високи. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2026 година изнесува 68.498 денари.

Во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни расходи.

Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ се зголемува на 83, објави 4news.mk 873 денари.

Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци. За оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.

Следни на листата се трошоците за образование со 7.192 денари или 10,5 проценти, облеката и обувките со 6.511 денари (9,5 проценти), како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.379 денари (9,3 проценти).

За рекреација и култура се издвојуваат 5, објави 4news.mk 592 денари, за транспорт 5.041 денар, додека за комуникации се потребни 3.677 денари месечно.

Во останатите категории, трошоците за ресторани и хотели изнесуваат 4.131 денар, за лична хигиена и одржување на домот 2.667 денари, за здравје 1.196 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Од ССМ посочуваат дека пресметката се однесува на четиричлено семејство без автомобил и ги опфаќа основните трошоци потребни за нормално функционирање во текот на еден месец.

Извор: 4news.mk