Анализираниот период на статистичарите се однесува за месец февруари. Извештајот содржи подартоци за сите индустриски гранки. Бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.
Веќе подолг период статистичарите забележуваат дека има намалување на бројот на вработени во секторот рударство и вадење камен, а таму платите достигнуваат и до 1000 евра, зависи од дејноста која се обавува во секторот.
Индустријата пак која најмногу вработува, а тоа е преработувачката, бележи повторно раст на бројот на вработени и тоа за 3,4 отсто, а платите во оваа индустрија се движат околу државниот просек односно нешто над 40 илјади денари. Интересно е тоа што намалување на бројот на вработени има и во индустријата која во последен период е една од најатрактивните, а тоа е снабдувањето со електрична енергија и тоа за половина процент.
„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2026 во однос на периодот јануари – февруари 2025 се намалил за 3.5 %.“, стои во извештајот на ДЗС.
Официјалните државни податоци велат дека невработеноста во Македонија е на ниво од 11,5 отсто, или близу 92 илјади граѓани од земјава се водат како невработени во Агенцијата за вработување.
