Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.
Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92.1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62.4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.
Во Ирска е направен и најголем број односно 4.8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2.1 милиони во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија – речиси 650%, а во Кипар 263%. Пад е забележан во Луксембург на бројот на е-трансакциите од речиси 50% и во Обединетото Кралство од речиси 9%.
Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од речиси 70%, која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.
