Од АД ЕСМ потсетија дека изминатата грејна сезона започна порано од официјално утврдениот почеток, односно на 2 октомври 2025 година, а поради надворешните временски услови беше продолжена и по официјалниот завршеток на 15 април, односно до 2 мај 2026 година.
Сепак истакнуваат дека иако грејната сезона траеше подолго од вообичаеното, просечните надворешни температури во одредени периоди биле повисоки од прогнозираните температури што се користат при пресметката на авансните фактури, па поради тоа стигнуваат „порамнети“ сметки, чиј износ не е процентуално определен и е различен за секој потрошувач.
Во врска со тоа зошто истиот намален износ се фактури во три сметки, од компанијата прецизираат дека всушност утврдената разлика при порамнувањето се дели на три рати.
-Доколку при годишното порамнување е утврдена разлика што треба да се фактурира, таа се распределува на три еднакви рати и соодветно се прикажува во фактурите за месеците мај, јуни и јули. Тоа значи дека кај конкретен потрошувач износот на порамнувањето е ист во овие три месеци, но не постои единствен износ што важи за сите потрошувачи бидејќи порамнувањето се пресметува индивидуално за секој потрошувач - објаснуваат од ЕСМ.
