Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен
систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз.
Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од 04.04.2026 година, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: https://skopjebus.mk/mk/.
Возниот ред беше променет откако Советот на Град Скопје, го изгласа на минатата седница.
