Наместо 24 часа пред полетувањето, патниците сега ќе дознаваат каде ќе седат само три часа пред летот. Промената е воведена кон крајот на октомври, со преминувањето на зимскиот распоред на летови.
Дополнително, патниците повеќе немаат можност преку апликацијата да го променат бесплатно доделеното седиште со доплата, како што беше случај досега.
Новите правила предизвикаа бројни негативни реакции на социјалните мрежи, а дел од патниците сметаат дека авиокомпанијата на овој начин се обидува да ги поттикне да платат за резервација на седиште.
Од „Рајанер“ објаснуваат дека целта е да им се овозможи повеќе време за избор на патниците кои се подготвени да платат за посакуваното седиште.
Дигиталните карти за качување на патниците кои избираат бесплатно седиште автоматски ќе се ажурираат три до четири часа пред полетувањето.
