На Хрватска и недостигаат 12.000 медицински сестри и 2.000 доктори

На Хрватска и недостигаат 12.000 медицински сестри и 2.000 доктори

05. 09. 2019.

Во Хрватска има 62 болници, а добар дел од нив мака мачат да пронајдат медицински персонал.

Во моментов, во Комората на медицински сестри се регистрирани 40.248 медицински сестри и техничари со валидно одобрение за работа. Се проценува дека од системот недостигаат околу 12 илјади медицински работници за да се исполнат стандардите пропишани од ЕУ.

Ситуацијата со докторите не е ни малку подобра. Според податоците од нивната комора, во јавниот сектор работат 13.613 доктори, а од нив 13.342 се вработени на полно работно време, додека 271 доктор е во пензија и работат до четири часа дневно.

Комората пресмета дека докторите специјалисти работат повеќе од 3 милиони прекувремени работни часови годишно, а за да се надмине тоа, потребно е да се вработат 2.000 доктори.

Најмногу недостигаат педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори за семејна медицина и гинеколози.

Освен овие бројки, лоша вест е и фактот дека за десет години ќе се пензионираат дури 4.000 доктори, претежно од областа на семејната медицина.