Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од утре попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула.
