А1 Македонија со најпосетен штанд на Виртуелни денови за вработување 2019

А1 Македонија со најпосетен штанд на Виртуелни денови за вработување 2019

24. 10. 2019.

Од 16. до 23. октомври на веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk се одржа првиот виртуелен саем за вработување во Македонија на кој учествуваа преку 70 компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

А1 Македонија со повеќе од 22 илјади посетители на својот виртуелен штанд, уште еднаш ја зацврсти својата позиција помеѓу најатрактивните работодавачи во нашата земја.

На штандот на А1 Македонија, посетителите на Виртуелни денови за вработување 2019 имаа можност да аплицираат на десетина отворени позиции за вработување и пракса, директно да стапат во комуникација со регрутерот на компанијата преку опцијата чет и да дознаат многу повеќе како е да се биде дел од А1 Македонија преку интерактивните елементи на виртуелниот штанд како што се: галеријата, зошто ние и за нас.

Честитки за А1 Македонија, Vrabotuvanje.com со нетрпение повторно ве очекува на виртуелниот саем во октомври 2020 година!

Виртуелни денови за вработување е прв регионален виртуелен саем во Македонија кој го организира порталот Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнерски портали MojPosao од Хрватска, Poslovi.Infostud.com од Србија и Posao.ba од Босна и Херцеговина.