1 навика ги разликува милионерите од лицата со просечни примања

1 навика ги разликува милионерите од лицата со просечни примања

06. 07. 2021.

Истражувањето покажало дека овие групи на луѓе се разликуваат, и тоа во една многу важна работа!

Студијата која ја објави Social Psychological and Personality Science откри дека милионерите се разликуваат од лицата со просечни примања.

Истражувањето е спроведено во Холандија, и тоа врз основа на изјавите на 800 милионери, кои се споредени со 1.200 тврдења на лица со просечни примања.

Истражувањето покажало дека овие групи на луѓе се разликуваат, и тоа во една многу важна работа – начинот на трошење на време.

Милионерите своето слободно време го поминуваат претежно активно, во друштво, занимавање со некое хоби, волонтирање, а речиси да не прават дејства како гледање телевизија.

Меѓутоа, луѓето со просечни приходи слободното време претежно го поминуваат во спиење, гледање телевизија, одмарајќи се.

Исто така, богаташите и луѓето со просечни примања имаат и слични навики. Имено, и едните и другите поминуваат време во готвење и купување.

Интересен е податокот дека луѓето со повисоки приходи поминуваат повеќе време за извршување домашни работи, но помалку време се грижат за своите деца.

Богатите луѓе од просечните се издвојуваат и според автономијата која ја поседуваат во професионалниот живот.

Луѓето со просечни примања се зависни и се личности без овластување во деловниот свет.

Заклучено е дека луѓето со поголеми приходи уживаат активно да го поминуваат своето време и генерално се посреќни во животот.