Се враќа осумчасовно работно време во Владата и министерствата

23. 04. 2020.

Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

Според усвоениот распоред, се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30  часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

извор: vecer.mk