Не носиш маска, чистиш улици

Не носиш маска, чистиш улици

27. 04. 2020.

Чудна санкција која фунционира во Мадагаскар!

 
 
Полицијата во Мадагаскар ги принудува луѓето фатени на отворено без маска да ги чистат улиците како казна.
 
Околу 500 лица во Антананариво и Фјанарантоја беа казнети со казна во понеделникот, изјави началникот на полицијата Кристијан Ракотоб.
 
Сликите на луѓето кои се чувствуваа засрамени беа споделени на социјалните мрежи. Елак Оливие Андриакаја, првиот човек што се бори против вирусот  во земјата, објасни дека повеќето се придржуваат кон правилата за носење маски заради стравот од чистење на улиците.
 
Во Мадагаскар, досега има само 128 случаи на вирусна корона, а се уште никој не починал. 75 луѓе веќе закрепнаа.