Со еден клик на веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени на над 500 слободни позиции. Отворени се преку 100 работни места само во Македонија.
Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавач преку чет или видео повик.
Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Се што ви треба е интернет!
Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.
Саемот до денес го посетија преку 40.000 посетители од Македонија, а истиот е отворен до среда (14. октомври) па затоа побрзајте и посетете го саемот на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!

