Половина од сите вработени во светот до 2025 година мора да стекнат нови вештини за да не ги „прегази“ времето. Светскиот економски форум наведува дека живееме во свет на технологијата и дигитализацијата и кога-тогаш ќе мора да се приспособиме.
Работодавците велат дека на врвот на листата со вештини што мораме да ги усвоиме се критичкото размислување и решавањето проблеми. Оваа година се појавија и вештини за самоуправување, како што се активното учење, отпорноста, толеранцијата на стрес и флексибилноста.
Форумот проценува дека до 2025 година 85 милиони работни места може да претрпат промена поради поделбата на работата меѓу луѓето и машините.
Но, добрата вест е што може да се појават и други работни места што повеќе ќе одговараат на оваа нова поделба на работата помеѓу луѓето, машините и алгоритмите.
Масовното прифаќање на технологијата ќе значи дека потребните вештини за сите работни места ќе се променат во наредните пет години, а разликите во вештините сепак ќе бидат големи.
За оние работници што остануваат на своите работни места, учеството на основните вештини што ќе се промени до 2025 година изнесува 40 отсто, а на половина од сите вработени ќе им треба преквалификација (раст од 4 отсто).
Ова се топ-вештините што ќе бидат исклучително барани во наредните 5 години:
1. Аналитичко размислување и иновација
2. Активно учење и усвојување стратегија
3. Комплексно решавање проблеми
4. Критичка рефлексија и анализа
5. Креативност, оригиналност, иницијатива
6. Лидерство и социјално влијание
7. Разбирање на технологијата, следење, контрола
8. Дизајн и програмирање
9. Отпорност, толеранција на стрес и флексибилност
10. Рационализирање
Целиот текст прочитајет го на ЛИНКОТ

.jpg)