Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести - каков е предлогот до Владата?

Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести - каков е предлогот до Владата?

24. 08. 2021.

Комисијата за заразни болести нема да предложи нови рестриктивни мерки до Владата

Комисијата за заразни болести нема да предложи нови рестриктивни мерки до Владата. Како што и утрово објави Министерот Филипче, актуелните мерки кои и сега важат остануваат на сила.
Влезот во угостителските објекти и моловите останува забранет за оние кои немаат примено барем една доза на вакцина како и за сите ко го прележале вирусот пред повеќе од 45 дена.

Од 1 септември почнува да важи и забраната за влез во Македонија за невакцинирани патници без разлика од каде доаѓаат. Македонските државјани кои ќе сакаат да влезат во Македонија по 1 септември а не се вакцинирани ќе треба да направат ПЦР тест или пак ќе бидат пратени во задолжителна изолација.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Од септември нови ковид-мерки во Грција

извор: press24.mk